17-годишник со мопед удрил во малолетничка

Вчера во 22.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Маџари“ со ул.„Палмиро Тољати“ во Скопје, мопед „априлиа“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 17-годишник од Скопје удрил во малолетничка од Скопје.

- Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, а со телесни повреди се здобила малолетничка констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и комплексот клиники „Мајка Тереза“, информира МВР

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.