Малолетник нападнат од роднина во катна гаража во Аеродром

Петнаесет годишно момче со повреди вчера вечерта било донесено во Комплекс клиники „Мајка Тереза” – Скопје.

Од МВР информираат дека таткото на повреденото лице, во разговор со полициски службеници, изјавил дека момчето било повредено во катна гаража на бул. „Јане Сандански” од страна на роднина.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.