Малолетник нападнат од куче скитник кај Камениот мост

Нов напад на куче среде центарот на Скопје.Како што информираат од полицијата  вчера во  18.30 часот во Полициската станица Центар, В.С.(63) од Скопје пријавил дека околу 09.00 часот неговиот 15 годишен син, движејќи се од Камениот мост кон училиште, бил нападнат од глутница кучиња скитници и едно од нив го каснало во пределот на левата потколеница.