Малолетник брутално претепан на автобуска на Бит Пазар

Малолетно момче вчера било претепано на автобуска постојка во Скопје. 

Во Полициската станица Бит Пазар, вчера 54-годишниот З.С. од Скопје пријавил дека истиот ден околу 20:45 часот на автобуска постојка на булеварот „Крсте Мисирков“ неговиот 17-годишен син физички бил нападнат од страна на четири непознати лица, кои го удирале со боксови во пределот на главата.

Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.