Малолетничка тешко повредена откако во неа удрило возило, возачот избегал

На 02.12.2021 во 17.10 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на ул.„Страшо Ербапче“ непознато патничко возило удрило во малолетен пешак од Кочани и го напушило местото на несреќата.

Малолетничката се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Јавната здравствена установа Кочани.

Извршен бил увид од екипа од Полициската станица Кочани и се работи на расчистување на случајот.