Малолетничка и малолетник тешко повредени во страшна сообраќајна несреќа

На 25.05.2024 во 23.00 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на крстосница од ул.„Илија Алексов“ со ул.„Ѓорче Петров“ во Радовиш се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со штипски регистарски ознаки, управувано од А.М.(47) од с.Ракитец, општина Конче, и мотоцикл „теккен“ со радовишки регистарски ознаки, управуван од малолетник од с.Коџалија, радовишко.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка од мотоциклот, додека мотоциклистот се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Радовиш.