198 возачи санкционирани викендов во СВР Битола, 84 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Битола во текот на викендот продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на СВР Битола изречени се вкупно 198 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 84 санкции, 13 мерки за возење под дејство на алкохол, 29 мерки за возење без возачка дозвола, изречени 13 мерки за непрописно паркирани возила, 17 мерки за некористење на заштитна кацига -шлем.

„Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови“, велат од СВР Битола.