Макрон за Западен Балкан и Македонија, мали се шансите за брз влез во ЕУ

По вчера завршената конференција за Западен Балкан во Берлин, весникот Фајненшл тајмс пишува дека земјите од Западен Балкан добиле разочарувачка порака од германската канцеларка Меркел и од франускиот претседател Макрон.

Весникот пишува дека „Франција и Германија истуриле студена вода на балканските надежи за брз влез во ЕУ“. Пораката на Меркел и Макрон до шесте земји аспиранти за членство во ЕУ е да ја одржуваат политичката стабилност со нивна помош. Мали се шансите за брзо приклучување на блокот. Најпрвин ќе треба да си ги средат работите дома, пишува весникот.

Макрон пред се ја истакнал потребата од „политичка стабилност“ во регионот најавувајќи дека Париз ќе помага не преку процесот на проширување, туку преку помош во главните економски, социјални, безбедносни области и реформите на владеење на правото.

„Ќе работиме заедно на стабилноста на регионот… Од 2000 година ние се повлекуваме од регионот, но денеска сакаме да работиме заедно“, изјави Макрон пред состанокот со премиерите на Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора, Србија и Косово.

За конференцијата во Берлин на својот фејсбук-профил прокоментира и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски:

„Меркел и Макрон го замолиле Зоран Заев веќе да не лаже дека добил датум за преговори во Јуни, ни ланскиот ни оваа година!

А на Стево по Бујар му пратиле сингл-плоча со нумерата „Не дај се Инес, не дај се младости моја!“