Апел за помош на Марина: Легнувам со страв, не знам дали ќе се разбудам утре

Како последица на сообраќајна незгода и мозочен удар Марина Лазарова останала 80 отсто неподвижна. Поради тоа ѝ се потрени финансиски средства за понатамошно лекување.

-Апел до сите што ќе прочитаат. Ве замолувам за помош кој има да ми помогне за да соберам пари за во болница. Мојата ситуација секој ден станува сè полоша. Ми се создава оток на главата од ударот и вратот. Се молам секоја вечер да ги отворам очите следниот ден. Секој ден се молам на Бог да ме сочува до терминот во болница. Со страв легнувам, а не знам дали ќе се разбудам сабајле, тешко е човек да се моли за живот, а нема кој да му помогне. Ве молам не ме оставајте сама. Покажете хуманост и за мене, ве молам од срце. Подадете ми рака и јас да успеам да го продолжам животот, пишува Марина.