Македонски Телеком цел на кражби и оштетување на опрема

Изминатите месец дена Македонски Телеком се соочува со кражби на опрема, како и пристапните делови со што се случуваат и прекини во сервисот од компанијата до своите корисници. 

Кражбите и оштетувањето на опремата се случуваат доволно често изминатиот период за да ова веќе претставува проблем и случајот е веќе пријавен до надлежните органи. Главниот проблем е потребното време за санирање на направената штета, поради што на крајот трпат и корисниците на оваа компанија која е позната по достапноста и стабилноста на нивните сервиси. 

Начинот на којшто се кинат каблите и самата конфигурација на подземната мрежа, прави значителна штета на Македонски Телеком, а се зголемува и времето потребно за враќање на мрежата во употреба. 

Кражбите најчесто се случуваат на бакарни кабли од подземната мрежа на Македонски Телеком, а во процесот се прави и оштетување на пристапни шахти. Се верува дека кражбите се прават поради продажба на бакарот кој има висока цена на пазарот. 

Досега има најмалку 5 случаи на оштета и кражба со што станува јасно дека се работи за планирана активност која не случајно ги има избрано подземните телекомуникациски мрежи. 

Регионите во кои досега се имаат случено кражбите се кај Транспортен Центар во населба Аеродром, културниот центар 25 Мај во Центар, делот зад трговскиот центар Скопјанка во Аеродром, бул. Јане Сандански во Аеродром. 

Корисниците кои се имаат соочено со прекини на сервисот овој период треба да знаат за што се работи и дека овој проблем ќе биде решен.