Денес на паркингот пред СЦ „Борис Трајковски“ припадниците на МВР ќе изведат показна вежба, принудно запирање на возило со помош на инструментот „стингер“.
Оваа вежба е предвидена како тематска единица со наслов „Обука за контрола на возилата во сообраќајот“.
Како што соопшти МВР, обуката е дел од проектот „Понатамошна институционална надградба и градење на капацитетите на полицијата во областа на гранично управување, работата на полицијата со заедницата и борбата со организираниот криминалитет“ поддржан од Европската унија.
„Стингер“ е инструмент, добро познат за полициите во западните земји, кој се поставува на коловозот со цел да онеспособи друго возило дупнувајќи му ги гумите. Потребна е подготвеност на полицијата и знаење стручно да го користи овој инструмент за да се избегнат инциденти.