Македонска работа: Што се крие во домот на соседите - соседката има три деца, таа е вистинска бомба и има време за се

Нејзините плави локни секогаш се на место, без разлика дали надвор има сонце, доджд или снег. Линија беспрекорна, сјајни и долги нокти. Мајка е на три деца и се стигнува на време, работа, слободни активности, тренинзи… И тука започнуваат моето комплексирање…

Јас имам едно дете, некако ги покриват неговите активности, одам на работа, средена, но не и нашминката. И секако, за мене речиси и да немам време.

И уште нешто таа изгледа како авион, вистинска бомба, кажуваат соседите, а јас… сенка на она што бев некогаш. Не е во прашање самодовербата, само имам вишок на килограми, едно десет кои не можам да ги ослабнам со години. Нема тука место за кратки фустани и тесни панталони.

Соседка е секогаш со насмевка на лице и полна со самодоверба. Мириса убаво на километри. Мислам дека никогаш не сум ја видела како изнесува отпад или оди на пазар. Или, не дај боже, без шминка.

Ете, кога ја сретнав така намирисана, јас одев од пазар. Не смрдев, но немав на себе парфем. Јас брзам да ја средам куќата, а таа вели брза за на тренинг па ќе оди на масажа. И тука започна главата да ми затнува. Не затоа што таа оди, туку зошто не одам и јас, а знам и дека никогаш нема да отидам. И така се нижеа фрустрациите.

Ги знаете оние женски совети, се може да се постигне ако се сака, само ако добро се организира, ако немате време за себе, нема да бидете добри ни за околинта околу вас, особено не на децата, среќна жена е успешна жена и тн, и тн… ама кога да стигнам?! Е ќе ја прашам, можеби и ќе ми даде собар совет.

Една сабота после нејзиниот тренинг и масажа ме викна на кафе.

И сега ќе направам нешто одвратно, ќе ви кажам што се видов кај неа. Знам дека не е убаво, жената ме викна на гости, но тука се крие некој одговор на мојата дилема и лоша организација.

Уште од самата влезна врата започнува еден неред. Обувки од секоја сезона, расфрлани на секоја страна, во дневната соба весници и списанија по масата и креветот, во кујната неизмиени садови од појадокот еден куп, шпоретото во ужасна состојба…

А таа? Нејзе за сето тоа ја боли уво. Го зема купот со алишта од троседот и го однесе во друга соба и тогаш ми направи место за да седнам.

Од собата се слушна детска галама. Таа насмеана. Зборувавме, па од неа ги дознав новините за шминкање за новата сезона, која маска да ставам за мојата сува кожа, пријатен разговор беше тоа, онака женски.

Во тој момент стигнува нејзиното трето петгодишно дете, босо и измачкано со чоколада. Јас веднаш би потрчала за да го избришам, да му облечам чорапи, а таа? Неее, таа сетоа тоа го игнорираше и се смееше.

Ауу, каква опуштеност. Мојата куќа да е таква, подот да не ми се гледа од прашина и трошки, јас би била пред нервен напад.

Ја прашав кога стигнува да исчисти, да испегла и тука се гризнав за јазик бидејќи и нагласувам дека дома не е и чисто. Но, таа беше директна. Јас имам жена која доаѓа два пати месечно, а во меѓувреме пегла и чисти кој ќе стигне и кој ќе сака.

Готвење? Тоа го прави нејзината мајка, свекрва, а понекогаш и таа, ама има среќа што тука во близина има жена која готви јадења па може да си купи, а се продава и готова храна по маркетите или пак јадат во ресторани.

Правилна исхрана за деца, оброк во точно време, витамини, минерали… таа не се потресува многу за тоа. Само е доволно да ја видите нејзината прекрасна насмевка и задоволство.

Бев целосно збунета. Очекував дека таа ќе ми даде некој совет за успех на сите полиња.

Но, тука нема никаква посебна организација, таа само се одлучила за други приоритети во животот.

И одеднаш некој тропна на вратат. Се појави нејзиниот сопруг. Ја прегрна силно и даде безброј убаво комплименти. Не примети воопшто дека е расфрлано, дека има прашина… тука само нејзините плави локни и црвениот кармин.

Ок, видов многу работи, сега можеш да станеш и да си одиш дома, си кажав самата на себе. Кога влегов во својот дом, ги затворив вратата и седнав. Околу мене се е чисто, се слуша само детска песна од соба. Нема трошки, нема прашина, купив овошје и зеленчук за цела недела, ручекот се прави на шпорет, се е испеглано и средено. Доцна е да се менувам…

Не би можела да живеам како неа во неред и прашина. Ниту една локна и шминка нема да го покрие моето задоволство ако куќата ми личи на контејнер. Но, одлучив нешто друго: Сите обврски ќе ги завршувам во пократок временски период, сакам да имам време и за себе. И да, од понеделник ќе одам на работа нашминкана.

Мене мојот сопруг ме прегрнува и кога не сум со локни и црвен кармин.