Македонија победнички тргна на СП, убедлив триумф над Јапонија!

Репрезентацијата на Македонија го отвори Светското првенство во Германија и во Данска со победа од 38:29 над Јапонија и на тој начин на најдобар можен начин влезе во новата Мундијалска авантура.

Рпрезентативците на Македонија не ја прикажаа најдобрата игра, но имаа целосна контрола па овој триумф ќе го даде дополнителниот елан во трката по што е можно подобар пласман.

Борко Ристовски остана ѕвезда на мечот со 21 одбрана, Кире Лазаров имаше осум гола, Дејан Манасков седум, а Стојанче Стоилов постигна шест.

Во второто коло Македонија игра против Бахреин, тој меч се игра во недела со почеток од 14 часот.

cheap nike air max 90