Македонија до ноември ќе добие нова државна детска кардиохирургија

На вториот кат во Клиниката за кардиологија, на протстор од 300 метри квадратни веднаш спроти државната кардиохиругија за возрасни, тимот предводен од доктор Владимир Чадиковски ќе прават операции на срце кај бебиња и мали деца.Вратите за најмалите пациенти ќе бидат отворени во ноември годинава.

Чадиковски кој е едниствен детски кардиохирург во земјата, вели дека кадарот веќе е екипиран и на одделот вработиле повеќе од 25 здравствени раобтници. За операции ќе ја користат васкуларната сала од кардиохирургијата за возрасни и очекуваат поголем обем на хируршки интервенции за разлика од сега кога годишно прават околу 70.

-Ќе имаме четири кревети во Интензивна и два во полуинтензивна кои во секое време можат да се активираат за интензивна. Сите простории ќе бидат со негативен притисок за заштита од секакви инфекции, ќе биде по сите стандарди како што треба, вели  д-р Чадиковски.

Пред 6 години кога во Македонија никој не правеше операција на отворено срце кај деца, малите пациенти ги носеа во странство што беше дополнителен стрес и за родителите и за бебињата. Откако овој проект почна и во земјата, досега  се направени околу 350 операции.