Д-р Чадиковски: Успешно оперирано бебе, извршена најтешката операција за деца

Прекрасни вести објави кардиохирургот д-р Владимир Чадиковски на својот профил на Твитер. 

„Извршена е “Arterial switch operation” на новородено бебе од 2.8 кг., со дијагноза транспозиција на големи крвни садови.  Најтешка операција во детска кардиохирургија ,која траеше 12 часа. Браво за целиот мој тим !!!!“, напиша тој. 

Се работи за хируршка процедура на отворено срце, наречена артериска свич-операција, која всушност е корекција на транспозицијата на големите крвни садови, односно „преместување“ на аортата и други крвни садови онаму каде анатомски треба да припаѓаат.