Македонците за Нова година решија да ги отворат паричниците - во маркетите за храна и на пазарите се чека во редици

И покрај економската криза Македонците решија за новогодишните празници да ги отворат паричниците. Не се штеди ниту на подароци, ниту на патувања.

Најголем пример дека земјата ја зафатила новогодишна потрошувачка еуфорија е главниот град Скопје. Луѓето купуваат подароци, се снабдуваат со украси, елки, обувки, накит, облека, па дури и со уметнички слики. Во маркетите за храна и на пазарите се чека во редици. 

Сите елитни, но и помалку ексклузивните ресторани и кафулиња се веќе букирани за новогодишната ноќ. Од продажбата на аранжманите се задоволни и туристичките агенции.

Македонците не сакаат новогодишно-божикната атмосфера да им ја расипуваат песимистичките прогнози за наредната година.