Македонците решија за новогодишните празници да ги отворат паричниците - не се штеди ниту на подароци, ниту на патувања

И покрај економската криза и лошите прогнози за следната година, Македонците решија за новогодишните празници да ги отворат паричниците. Не се штеди ниту на подароци, ниту на патувања.

Најголем пример дека земјата ја зафатила новогодишна потрошувачка еуфорија е главниот град Скопје. Луѓето купуваат подароци, се снабдуваат со украси, елки, обувки, накит, облека, па дури и со уметнички слики. Во маркетите за храна и на пазарите се чека во редици. Граѓаните се задоволни од богатата понуда и не се грижат за цените.

Сите елитни, но и помалку ексклузивните ресторани и кафулиња се веќе букирани за новогодишната ноќ. Од продажбата на аранжманите се задоволни и туристичките агенции.

Македонците не сакаат новогодишно-божикната атмосфера да им ја расипуваат песимистичките прогнози за наредната година.