Македонци на работа во Малта - цените се исти како кај нас, но платите се далеку повисоки

Се повеќе Македонци се одлучуваат да заминат на работа во Малта, во потрага по подобар живот и обезбедување на егзистенција. Во Малта заминуваат како туристи, а откако ќе најдат работа остануваат подолго време.

Работа полесно може да се најде преку лето, со македонски или пасош од евопска земја.

Секој со свое искуство, но во секој случај сите што заминале да работа се задоволни. 

-Јас и дечко ми заминавме во Малта на одмор, не бевме во план да работиме. Но, ете се поклопија коцките, и останавме. Во Малта сме речиси две години. Убаво е тука, има работа за оние кои сакаат да работат. Јас работам како козметичар, а мојот дечко работи во едно проектантско биро. Овие плати што ги земаме тука, можеме да ги сонуваме во Македонија, раскажува Верче. 

 Македонци има премногу, но претежно работат како чистачи или по кафулиња. Оние кои се во Малта велат дека цените се исти како кај нас, а платите се повисоки.