Мајките засегнати: Не треба да се укине или менува државната помош за трето дете

-Воопшто не ми се допаѓа одлуката, за менување или пак укинување на помошта од државата за трето дете. Јас ја користам оваа привилегија, и искрено се надевам дека нема ништо да се смени, вели Сузана од скопско.

Вчера Министерството за труд и социјална политика изјави дека државата нема да плаќа по 8 илјади денари месечно за трето дете, туку со новата измена ќе се добива еднократна парична помош од 60 илјади денари. 

Оваа новина не наиде на добри коментари од страна на јавноста. 

 Повеќето мајки кориснички на ваква помош сметаат дека мерката не треба да се укине или менува. 

-Јас не се сложувам со тоа дека не се покачува наталитетот во државата. Напротив, откако е донесев овој законт во околината каде што живеам знам многу семејства кои се одлучија за трето или пак четврто дете, додава Едита.

Според податоците на Министерството за труд и социјалната политика, демографскиот тренд оди во надолна линија. И покрај потрошените пари, Македонија не може да се пофали со добар природен прираст на населението. Во повеќето општини популацијата старее, велат тие.