Магијата на прашањето: „Како си?“

„Како си?“

„Добро. Одлично. Никогаш подобро.“

Звучи познато?

Мене секогаш ми е убаво кога некој ќе ме праша како сум.

Тоа прашање делува како некому да е важно како се чувствуваш и затоа е убаво. Сум забележала дека многупати не ни знам како сум,  а јасно ми е дека и личноста со која зборувам исто така не знае. И нема време да се задлабочуваш во тоа како си доколку се сретнеш со некого онака на минување.

Ако сум искрена, некои луѓе го поставуваат тоа прашање без навистина да се интересираат како си, туку го поставуваат тоа прашање онака, колку да помине редот. Па така, ова прашање стана само убав гест, кој често зад себе нема некаов интерес за личноста кон која се упатува.

Личноста која на ова прашање вели дека е одлично, всушност можеби чувствува некаква лутина и не сака да ве замара со својата лутина, па затоа малку погласно или поколебливо ќе ви го одговори прашањето. А можеби истовремено е навистина среќна што ве гледа и се радува што сте добиле зголемување на платата, па затоа и „одлично“ на крајот ќе има нешто понежен тон.

Личноста која на ова прашање ќе одговори „добро“, можеби се плаши од нешто, а истовремено е и тажна поради тоа што нешто не излегло по планот, а сепак повторно се надева за некоја работа.

Личноста која ќе одговори „никогаш подобро“, можеби се чувствува задоволно поради нешто, можеби се чувствува возбудено и разиграно како дете, а сепак длабоко во себе можеби чувства некаква болка.

Некој друг кој ќе одговори со „никогаш подобро“ можеби се разочарал од некого, а можеби само сака да сретне некој кој ќе го разбере и ислуша.

Луѓето немаат време да се занимаваат со тоа како си ти, некои воопшто не ги интересира, но на крајот на краиштата убаво е што те прашуваат. Сепак тоа е убав гест. Она е најважно е вие да се занимавате со тоа како сте. Да се обидете да откриете како всушност се чувствувате. Вие треба да знаете!

„Добро“ или „лошо“ не е одговор. Постојат книги за емоционална интелигенција и листа со чувства кои може човек да ги чувствува. Човекот е комплицирано суштество, сега може да чувствува едно, а веќе за 5 минути да чувствува нешто друго. И тоа е сосема во ред. Убаво би било кога подобро би се запознале со тоа богатство кое го носиме во себе.

Ако подобро го знаеме одговорот на прашањето: „Како си?“, подобро ќе го знаеме одговорот на тоа прашање и ќе ги прифатиме сите чувства во палетата на човечки чувства и подобро ќе се прифаќаме и себеси и другите.

Заедно искрено ќе создадеме нова изрека: „Кажи ми како навистина се чувствуваш, па ќе ти кажам и јас.“

А сега, сериозно: Како си?

cheap nike air max 90