Луѓето не се менуваат, само со времето го покажуваат своето вистинско лице

Некогаш велат, кога некој ќе ви покаже каков е, верувајте му.

Photo by Elisa Photography on Unsplash

Постојат луѓе кои делуваат сомнително, но им даваме шанса да нè разубедат. Им веруваме, ги почитуваме и цениме, но со тек на време го покажуваат своето вистинско лице.

Но, треба да и веруваме на својата интуиција кога станува збор за овие луѓе. Тие секогаш ни покажуваат дека треба да си веруваме себеси и на она познато чувство во стомакот. Тоа не нè лаже никогаш.

Се трудат да нè излажат, но потоа го покажуваат своето вистинско лице на ситници и сфаќаме какви се. Кога се однесуваат лошо кон животните, кога се дрски кон некој кој е на пониска позиција од нив, кога ќе им побараме услуга, кога треба да помогнат некому. Нивното однесување не е воопшто добро и пријатно.

Не морате многу да размислувате за овие луѓе. Едноставно бегајте од нив. Ништо не им должите, ништо не очекувајте од нив.