Локацијата за новиот клинички центар не влегува во површината дефинирана како строго заштитена зона на Скупи

Локацијата за новиот клинички центар не влегува во површината дефинирана како строго заштитена зона на археолошкиот локалитет Скупи, реагираат од Министерството за здравство по изјавите на дел од археолозите во однос на локацијата на новиот Клинички центар.

Министерството за здравство информира дека локацијата за изградба на нов универзитетски клинички центар-Скопје е во согласност со Генералниот урбанистички план за Град Скопје 2012-2022 година и законската и подзаконската регулатива од областа на урбанистичкото планирање, вклучително и Заштитата на културното наследство.

-За потребите на ГУП на Град Скопје се изработени експертски елаборати и студии, во чија група влегува и Студијата за Заштитно конзерваторски основи, изработена од Националната установа Конзерваторски центар – Скопје, каде што се дадени насоките и параметрите кои треба и се вградени во ГУП-от, а се од областа на заштитата на културното наследств-велат од ресорното министерство. 

Во нив споменуваниот Археолошки локалитет Скупи, е дефиниран со неколку зони на заштита и тоа: строго заштитена зона (околу 78ха) и контактна зона.

-За таа цел, сакаме да и појасниме на јавноста, дека локацијата за новиот клинички центар не влегува во површината дефинирана како строго заштитена зона, но на дел влегува во контакната зона. Во контактната зона може да се планираат и изведуваат градежни активности, но по утврдени правила и нормативи пропишани во Законот за заштита на културното наследство и Правилниците кои го надополнуваат-реагираат од министерството.

Што се однесува до одлуката за дислокација, тие потсетуваат дека е донесена по широки консултации со лекарите, архитектите и граѓаните.

-Остануваме цврсто посветени за изградба на овој капитален објект, каде што планирано е да бидат сместени и Медицинскиот факултет, соодветен истражувачки центар и кампус за студенти по медицина- дополнуваат од Министерството за здравство.