Летото е на праг – совети како да заштедите на одмор

Сите сакаме да одиме на одмор, особено на убаво место каде ќе се релаксираме и ќе заборавиме на секојдневните грижи. Но, немаме секогаш доволно пари за да имаме убав и долг одмор, па штедиме со месеци или пак воопшто не одиме на одмор.

Сепак, има неколку начини како со малку пари да поминеме добар одмор. Следниве работи би трбало да ви помогнат:

1. Одберете некое не многу популарно место. На пример, место да одите во најлуксузниот град на плажа, можете да одберете помало место кое исто така се наоѓа на плажа, на кое ќе ја имате истата клима, а ако сакате да прошетате до големиот град, можете да отидете со автобус, еднаш или двапати.

2. Резервирајте си хотел или апартман порано. Колку порано резервирате, толку поголем избор имате на поевтини хотели, а и повеќе попусти. Ако барате хотел еден месец пред да тргнете, сметајте дека сите хотели се веќе резервирани, па бирате од тоа што останало, а попустите поминале. Има шанса и за „ласт минут“ ама не сакате да бидете на ризик.

3. Не одете на одмор во шпицот, однодно кога има најмногу гужва. Одете на места кои се топли и во септември и во октомври и каде климата го дозволува тоа. Ако одите во јули и август, плаќате двојна цена.

4. Најдете купување преку Интернет, со попусти, како Групер и слични, кои ќе ви кажат каде сè има попусти на местото што го посетувате.

5. Ако сте во хотел, претходно прашајте кои сè бенефиции ги имате во хотелот, како екстра пеглање или перење, ужинки, туристички водич… сè што имаат да ви понудат како бонус.

6. Спријателете се со некој од вработените во хотелот или со локален жител. Научете каде има евтина храна и ресторани, каде има евтини плажи или такси. Ќе ви кажат и дали е поевтино да одите со воз или автобус до некоја дестинација.

7. Купете си мапа и не плаќајте водич за да ве прошета низ градот. Нормално, ако лесно се снаоѓате во простор и ако шансите да се загубите се мали. Дури можете да истражите на Интернет што сѐ сакате да видите и каде се наоѓа секоја локација, па со автобус да ги направите сите прошетки.