Што би се случило кога би живееле според совети и правила од интернет?

Фејсбук-статус од регионот ги насмеа сите, бидејќи ги опфаќа најголемиот дел од советите кои можеме да ги најдеме на интернет.

„Секој ден треба да изедеме едно јаболко, а и банана за калциум, портокал за витамин Ц и да испиеме една шолја чај без шеќер за намалување на мастите во крвта. Исто, треба да испиеме два литра вода дневно. Секој ден да испиеме биоактивен јогурт, за да го држиме балансот на добрите бактерии. Аспирин за превенција од инфаркт, чаша црно вино исто против инфаркт и една чаша бело за нервниот систем. И една пиво, сигурно има зошто. Но, не ги пиј наеднаш, бидејќи можеш да добиеш мозочен удар. Секој ден житарици. Потребни се 4-6 лесни оброци на денот и џвакај ги добро залаците. По секое јадење  измиј заби, користи забен конец, масажер и вода за плакнење. Среди го добро тоалетот, бидејќи со сето ова што го изеде и испи, сигурно ќе поминуваш многу време таму. Може да си ставиш и телевизор. Работи 8 часа, спиј 8 часа, јадење околу 5 часа, тоа се вкупно 21. Имаш уште три, ако нема гужва во сообраќај. Пешачи половина час. Дружи се со пријателите. Остани информиран и читај вести, за да формираш критички став. Послушај ги и советите за секс. А што правиме ако имаш дури и милениче? Значи, ти требаат најмалку 29 часа во текот на денот. Предност е што некои работи можеме да ги правиме и истовремено. Ако ти останала некоја минута, можеш да ја споделиш оваа порака со 10 пријатели. А, сега поздрав, морам во тоалет поради третиот оброк со овошје и житарици“, се вели во статусот.