„Лето без пожари“ во општина Ѓорче Петров“

Одделението за превенција при СВР Скопје, заедно со Полициската станица од општа надлежност Ѓорче Петров и општина Ѓорче Петров денеска почнаа со реализација на активностите од проектот „Лето без пожари“.

Основна цел на проектот е заштита и зачувување на зелените шумски и останати површини од пожари во непосредна близина на патиштата, како и зајакнување на довербата и соработката меѓу полицијата и граѓаните.

Полициските службеници од Полициската станица од општа надлежност Ѓорче Петров и претставници од општина Ѓорче Петров ги сопираа возачите на патнички моторни возила и земјоделски машини (трактори, комбајни). На граѓаните кои се упатуваа во правец кон селата Кучково, Грачани, Орман и Никиштани тие им ги укажуваа ризиците од појава на пожар и штетите што можат да произлезат. Возачите добија флаери, со порака да не се пали оган на отворено.

Активностите ќе продолжат во текот на летниот период на излезите на магистралните и регионалните патишта.