Летаат казни во Скопје - полицијата и пајакот не „простуваат"

Четворица пешаци и еден сопатник на мотоцикл се здобиле со тешки телесни повреди, седум лица со лесни телесни повреди во единаесет од 14 сообраќајни несреќи регистрирани на подрачјето на СВР Скопје. Во три сообраќајки причинета е материјална штета. 

Сообраќајната полиција санкционирала 34 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената, а исклучила од сообраќај 26 возачи од кои 10 под дејство на алкохол, 14 пред да се стекнат со право на управување моторно возило и двајца возачи почетници. 

Од сообраќај се исклучени шест нерегистрирани возила, едно неисправно возило, 69 автомобили биле непрописно паркирани, а 44 возила биле подигнати со „пајак“. 

Седум возачи поминале на крстосница на црвено светло, двајца не дале првенство на минување на пешаци, четворица неправилно се престроиле, тројца неправилно престигнувале, додека пак заштитен шлем со мотор, мопед и мотоцикл не користеле тројца возачи.

Одделението за Превенција при СВР Скопје денеска ќе реализира  едукативни работилници во објектите „Сончоглед и Темјанушка“ на градинка  „Детска Радост“ во општина Гази Баба.