На Клиниката за инфективни болести во Скопје е регистриран првиот случај на коронавирусот во Македонија, потврдија од Министерството за здравство.
Станува збор за македонски граѓанин што изминатиов период патувал во Италија, а на Инфективната клиника се пријавил сам.
Надлежните излегоа со препораки за заштита од корона вирусот и потенцираат дека нема простор за паника.
Бојан Трајковски, потенцира неколку многу важни работи кои треба да се знаат за корона вирусот.