Куче скитник искаса дете во Карпош

Скопјанец пријавил во полиција дека неговата ќерка била искасана од куче скитник.

Според информациите на МВР, В.И.(56) од Скопје пријавил дека завчера околу 20 часот на булеварот Партизански Одреди неговата малолетна ќерка била касната од куче во пределот на левата надколеница.

Истиот ден и М.К. (76) пријавила дека ја искасало куче на улица Шекспирова.