Кривично ќе се гони кавадарчанка која питачела со трите деца

Кривично ќе се гони жена која питачела со своите три малолетни деца. 

- СВР Битола поднесе кривична пријава против Б.В.(31) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“. На 03.02.2024, пријавената била затекната со нејзините три малолетни деца како питачат, соопшти полицијата во дневниот билтен.