Кривично дело е да знаеш дека дрвјата се ризични и да не ги отстраниш, смета Шилегов

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, објасни зошто дрвјата на ул. Орце Николов биле исечени.

Според него, за конкретните стебла веќе постоеле решенија за отстранување, од претходните години. Како што вели Шилегов, поголем ризик е да се остават дрвјата кои при посилно невреме лесно може да паднат врз автомобил или човек.

„Ако ги оставевме, на првиот ветер ќе паднеа врз нечиј автомобил или не дај боже човек. Тогаш е кривично дело да знаеш дека има решение за сечење, а да не постапиш“, посочи Шилегов.

Сечата на овие стебла предизвика масовна бурна реакција во јавноста, особено кај жителите од населбата, кои не веруваат дека повторно ќе бидат засадени нови стебла.