Единицата за насилен криминал при скопската полиција поднесе кривична пријава против двајца скопјани на возраст од 29 и 28 години поради сомнение за сторено кривично дело „изнуда“.
Како што информираат од МВР, рекетарите на 14. јануари физички нападнале 60-годишен скопјанец во неговиот дом и му го одзеле автомобилот „форд ескорт“.
По преземени мерки лицата биле пронајдени и уапсени, а врз основа на судска наредба бил извршен и претрес во домот на еден од нив.
Возилото било пронајдено, а во присуство на јавен обвинител било извршено и препознавање на пријавените.