Кривична за возачот кој го усмрти момчето кај Рампа во Кисела Вода

Кривична пријава заработи возачот на БМВ-то со кое беше усмртено младото момче во скопската населба Кисела Вода. Од Јавното обвинителство потврдуваат дека доставена им е кривична за тешки дела против безбедноста во сообраќајот, против 43-годишниот Дејан Митровски Урко. 

За потсетување, тој со своето БМВ го удри 22-годишниот скопјанец С.А. кој во моментот управувал моторцикл.

За жал, момчето им подлегна на повредите по пет дена, и покрај напорите на лекарите да му го спасат животот.