55-годишна скопјанка кривично ќе се гони за поседување дрога.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.К.(55) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 02.04.2024, полициски службеници извршиле претрес во нејзиниот дом, при што биле пронајдени и одземени хероин и дигитална вага, соопштија од МВР.