Крадци упаднале во домот на младиот Леонид и ги украле парите собрани од донации

Крадци упаднале во домот на младиот Леонид Индов и ги одзеле сите пари собрание од донации. Неофицијално, како што дознава Скопје Инфо крадците одзеле пари во износ од 50 илјади евра, средства собрани за негово лекување. 

Според она што МВР го потврди за Скопје Инфо пријавата ја направил таткото на Леонид, а во истата стои дека од нивниот семеен дом одземени се пари и други предмети. Неофицијално, се работи за средства во износ од 50 илјади евра.

На 18.10.2023 во СВР Скопје Б.И.(53) пријавил дека во периодот од 11:30 до 14:50 часот со подесен предмет било влезено во неговиот дом на подрачјето на Аеродром и биле одземени пари и други предмети. Полициски службеници веднаш излегле на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Пред неколку месеци, осумнаесетгодишниот Леонид доживеа несреќа додека беше на летување во Грција. Тоа резултираше со тешки повреди на неговиот `рбет и не може да ги движи рацете и нозете. По неколку апели, јавноста и јавните личности се мобилизираа и за краток временски период беа собрани неопходните средства за негово лекување. 

Скопје Инфо побара информација од Министерството за внатрешни работи, дали конкретниот случај е расчистен и дали се пронајдени сторителите на настанот. 

Сите оние кои сакаат да донираат за Леонид, повеќе информации има на следниот линк