Костовски: Нов лист златна историја во македонскиот спорт

Веднаш после олимпискиот медал веќе го имаме вториот најголем успех во независна Македонија, Дејан Георгиевски на финалното Гранд При во Саудска Арабија, денеска прво го елиминираше сребрениот од последното светско првенство во Мексико, Мартинез од Шпанија, веднаш потоа во борба за медал го елиминираше првиот носител Икарио од Бразил, двете борби до сигурниот бронзен медал беа победи со доминација, радосно истакна градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски. 

-Станува збор за најголемото натпреварување во олимпискио спорт таеквондо после олимписките игри, финале на најелитните гранд при натпревари на кои може да учествуваат само најдобрите на светот со лична покана. Финале Гранд При и сигурна бронза во олимписки спорт, нешто што не е познато во Македонија! Ајде одиме до злато со Господ напред! За Македонија! - напиша Костовски.