„Контејнерите чисти, ѓубрето стои“, вели екс-портпарол на Град Скопје

Поранешниот портпарол на Град Скопје, Ваљон Салиу се јави на фејсбук со реакција за ѓубрето во градот и објави фотографија.

Салиу објави фотографија од контејнери кои се празни, а до нив има ѓубре.

- Контејнерите чист, ѓубрето стои, објави Салиу.

Градоначалничката Данела Арсовска вчера кажа дека состојбата во „Комунална хигиена“ се враќа во нормала и екипите почнале со собирање на ѓубрето.