Коневски: Мицкоски треба да си оди, ако не го обедини членството и ги изгуби изборите

Победата на претседателските избори зависи од тоа колку лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ќе се заложи да го обедини членството, рече поранешниот градоначалник на општина Аеродром и член на ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Коневски, во интервјуто за „Макфакс“. Коневски кажа дека е оптимист и дека ВМРО-ДПМНЕ има шанси за победа, но доколку ги изгуби изборите, одговорноста треба да ја понесе Мицкоски и да ја напушти функцијата и да се избере нов лидер, кој, според него, ќе ги соедини сите вмровски крила.

„Не сакам да размислувам за пораз. Има многу квалитетни луѓе кои со години се членови и е вложувано во нивниот развој, а не се дел од органите, како резултат на таа разединетост. Партијата има шанси, особено во овие околности кога имаме власт која не испорачува никакви резултати. Но, доколку изборниот резултат биде негативен, Мицкоски треба да го напушти лидерското место. Новиот лидер треба да се избере на демократски конгрес на кој, според мене, ќе има пријавено најмалку 5 кандидати. Така на членството ќе му се даде можност да ја даде довербата за најдобриот“, рече Коневски.

На прашањето дали постои можност за формирање нова партија со вмровски предзнак од страна на членовите кои се одметнати од ВМРО-ДПМНЕ, Коневски смета дека тоа би било лошо решение за партијата, особено пред изборите.

„Поделбите треба да се анулираат. Не би сакал да има поделба на партиското членство и формирање нова партија кое произлегува од ВМРО-ДПМНЕ. На спроти тоа, членството треба да биде заедно и како такво да победи на следните парламентарни избори“, смета Коневски.

Не сакаше да каже дали ќе го подржи Ѓорчев или Силјановска, односно не сака да фаворизира ниту еден кандидат за претседател, ќе го прифател изборот што ќе го подржи членството на конвенцијата на 16 февруари.

cheap nike free run 5.0