Конечно поставен семафор на една од најцрните сообраќајни точки во Скопје

По повеќе од три децении барање од страна на жителите, Град Скопје постави семафор на крстосницата на булеварот Ѓорче Петров со улиците Мајски Манифест и Знеполе.

- Токму оваа крстосница важеше како една од најцрните сообраќајни точки во градот Скопје, а поставувањето на нов семафор и покрај барањето на жителите било игнорирано од надлежните со години, велат од Град Скопје.

Безбедноста на граѓаните на градот Скопје е приоритет за градската администрација, поради што во рамки на кампањата за подобрување на безбедноста на сообраќајот во главниот град на главните детектирани сообраќајни црни точки се имплементираат нови решенија за зголемување на безбедноста и сигурноста за сите учесници во сообраќајот, меѓу кои и овој семафор, додаваат оттаму.