Комарците се појавија, а дезинсекција се уште нема - ќе ги заштитат ли градските власти навреме скопјани од инсекти?

Со топлото време се појавија и комарците во главниот град. Дезинсекција се уште нема, па скопјани се прашуваат дали ќе ја имаат истата судбината како минатата година, кога цело лето глава не кренаа од овие досадни инсекти. 

Граѓаните сметаат дека локалните власти треба навреме да почнат со прскањето против комарци.

За разлика од лани кога првото прскање против комарците наместо на почетокот на пролетта беше реализирано на крајот на јуни, а граѓаните цело лето мака мачеа со комарците и мушичките, градочалникот Шилегов уверува дека годинава навреме ќе ја спроведат дезинсекцијата, но се уште го бираат најповолниот понудувач .

-Јас очекувам како што е редот петте прскања да бидат навремено извршени. Евалуацијата на понудите е во тек и ќе го избереме најповолниот понудувач, изјави Петре Шилегов, градоначалник на град Скопје.

Инаку во октомври од АХВ и ИЈЗ предупредија дека на повеќе локации во Скопје и во други градови биле лоцирани живеалишта на тигрестиот азиски комарец кој пренесува сериозни заразни заболувања како што се Западно нилска треска и Зика и затоа експертите препорачаа градските власти уште во март да почнат со дезинсекција за уништување на ларвите.