За десетина дена почнува официјалната летна сезона на црногорското крајбрежје, а дел од туристите веќе пристигнаа во Црна Гора за да го почнат својот одмор.
За разлика од Будва и Бечиќи, цените се пониски во Улцињ, Бар, Чањ и Сутоморе, каде што може да пиете кафе за 1,50 до 2,20 евра, додека за пиво ќе потрошите меѓу 2,30 и 3 евра. Ручек за две лица не чини повеќе од 12 или 13 евра.
Комплет од две лежалки со чадор за сонце во Улцињ, Бар, Чањ и Сутоморе може да најдете за 10 евра, додека во Будва се двојно поскапи и ќе треба да потрошите најмалку 20 евра.
Алкохолните пијалоци во Будва чинат од 4 до 8 евра, додека кафе може да се најде до 4 евра, а за ручек во ресторан за четири лица ќе треба да потрошите околу 50 евра, сепак постои и алтернатива, а тоа е парче пица за 2,5 евра.