Која е тајната на жената родена во знакот Водолија?

Водолиите се родени во периодот меѓу 21 јануари и 19 февруари. Нивни планети се Уран и Сатурн. Сатурн често ги прави недопирливи, ладни и ексцентрични. Тие се воздушен знак кој не сугерира на тоа, според нивното име. 

Жената Водолија е се освен обична. Но, како и секоја друга жена, таа има свои маани и добри страни. Како и да сте поврзани со оваа жена, работно, љубовно или пријателски, таа никогаш нема да ве остави рамнодушни.

Доколку познавате жена која е родена во овој знак, тогаш свесни сте за нејзините широки сфаќања и нејзиното помалку чудно однесување. Водолиите често знаат да бидат чудни и непредвидливи. На пример, ако гледате дека некоја личност во вашата околина отскокнува со своите ставови, карактеристики и мислења и веднаш можете да кажете дека е поинаква од останатите, тогаш тоа сигурно е Водолијата.

Тие често се многу иксрени и зборуваат без резерва. Не се агресивни, но би можеле да бидат и нетактични. Не ги интересира мислењето на другите за нив, ниту пак се задлабочуваат во озборувања и трачарења. Таа сака да слушне приказни за другите, но не се задлабочува во нив и не ги анализира и прераскажува.  Нејзиното мото е „Живеј и пушти ги другите да живеат“.

Пред се, оваа жена е непредвидлива, возбудлива и необична. Тие не ги земаат нештата здраво за готово. Бараат подлабока смисла и намера. Често можете да кажете дека тие се како во облаци. Не робуваат на правилата, а традицијата и општествените норми се нешто кое жените Водолии секогаш го преиспитуваат.

Таа е тврдоглава и непредвидлива, а може да се каже дека е и своеглава и тврдоглава. Таа не знае за препреки. Кога нешто науми да направи, ќе најде начин. Ако не може на еден, тогаш ќе најде друг начин. Има постојано милион идеи.

Кон луѓето често се однесува незаинтересирано и отуѓено, но таа ги сака луѓето и е голем хуманист. Со други зборови, кога ќе треба да помогне некому, ќе го направи тоа со цело срце.

Знаете како да ја препознаете жената Водолија на прв поглед? По нејзиниот начин на облекување. Таа делува како да нема посебен стил. Не значи дека нема вкус и чувство за мода, туку дека премногу не се оптеретува со тоа. Сака да се чувствува удобно и често додека се подготвува за работа или училиште, има милион идеи во главата, така што го облекува тоа што ќе и дојде при рака.

Повеќе би сакала да има 3-4 оригинални парчиња облека со што ќе ја истакне својата специфичност, отколку да го трупа својот плакар со милион парчиња. Оваа жена не сака да биде нечија копија.

Нејзини бои се претежно студените бои – сина, сино зелена, сива и црна.

cheap nike free run 5.0