Кој тргнал да пазари, секогаш прво одел таму: Интересна ретро фотографија од Стоковната куќа „Скопје“

Кога ќе помислиме малку на Скопје во седумдеситте и осумдесеттите ќе се сетиме на добар шопинг во тогашните стоковни куќи.Најголемите помодарки кои не можеле да си најдат облека во Скопје патувале до Трст и Солун.

Главните места за купување во нашата метропола во тоа време биле лоцирани во строгиот центар. Имало три престижни стоковни куќи. Една од ни е Стоковната куќа „Скопје“.

Фото: Фејсбук

А,оваа ретро фотографија е од 1972 година од хулахопки кои се продавале во тогашната Стоковна.

Најважна и најпопуларна меѓу нив била Стоковната куќа „Скопје“ (поранешна НАМА, а денес позната како City Gallery), сместена на градскиот плоштад.

Во жаргонот на скопјани била позната едноставно како „Стоковна“. Кој тргнал да пазари, секогаш прво одел таму. Оваа стоковна куќа била една од триесеттината слични куќи што скопското трговско претпријатие „Меркур импорт“ ги имало низ Македонија.