Кој ќе биде заменик на Заев во Владата?

Како што дознава Фокус, најсериозен кандидат за наследник на Заев и на двете позиции не е ниту еден нив, туку тоа е Димитар Ковачевски, кој моментално е заменик-министер за финансии и воедно член на Извршниот одбор на СДСМ.

Во изминативе денови, во контекст за трката за нов лидер на социјалдемократите неофицијално се споменуваа многу имиња: Дане Талески, Петре Шилегов, Стефан Богоев, Бојан Маричиќ, Јован Деспотовски, Оливер Спасовски, Љупчо Николовски, Сања Лукаревска, Венко Филипче.