Тимчо Муцунски и официјално е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на една од најурбаните скопски општини – Аеродром, на претстојните локалните избори.
Роден е во Берово 1989 година. Со оглед на тоа што потекнува од семејство на кариерен дипломат, основното образование го завршил во САД, а средното во Канада.
Муцунски е доцент на Правниот факултет „Јустинијан први” во Скопје каде предава Римско право, Реторика и Правна Аргументација.
Од 2015-2017 година Тимчо Муцунски е заменик на министерот за информатичко општество и администрација во Владата на Република Македонија. Од 2018 година е избран за Меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ. Во 2020 е избран за пратеник во Собранието.
Важи за политичар со богато меѓународно искуство како и во научната работа така и во политиката.
Тој за главен ривал во Аеродром ќе го има Александар Филиповски, дипломиран економист и поранешен пратеник, како кандидат на СДСМ.