Кои се ризиците и како најлесно да се заштитите од загадениот воздух?!

Штетата предизвикана од загадениот воздух досегнува длабоко во белите дробови. Дознајте како можете да ја минимизирате својата изложеност.

Сонцето сјае, опасната прашина се зголемува, а тоа е совршено време за да… останете затворени дома? Треба да се биде внимателен, бидејќи нападите на асма и респираторните инфекции не се единствените здраствени опасности кои ги предизвикува ова загадување на воздухот. Неодамнешни студии покажуваат дека загадувањето се поврзува со болести како слепо црево, дијабетес, па дури и рак на дојка. Превисоката загаденост во воздухот сите не загрижува, но тоа не значи дека нема решение и за тој проблем. Со неколку едноставни начини, можете да го избегнете влијанието на штетниот воздух. За почеток знајте ги ризиците, а потоа следете ги советите на експертите.

Ризици

Главоболки- предизвикани од високото ниво на азот диоксид и јаглерод моноксид во воздухот. Научниците укажуваат на воспалителните ефекти и „загадувачи“ на крвните садови.

Слепо црево- хемикалиите од согорувањето на горивата предизвикуваат воспаление во цревата.

Висок крвен притисок- загаденоста во воздухот предизвикува промена во нервниот систем, како што артериите се стеснуваат, па крвниот притисок се покачува.

Тип два диајбетес- во едно истражување во Германија се увидело дека поголема е веројатноста да се заболи од овој тип на болест ако се оди 100 мести во загадена средина дневно.

Рак на дојка– научници од Канада откриле дека постменопаузалните жени кои живеат во области со високо ниво на азот диоксид можат да се соочат со 25 проценти поголеми шасни да се разболат од болеста. Дури изложеноста на токсични гасови во првиот период на девојките или првата бременост, исто така можат да го зголемат ризикот.

Превенција

Избегнувајте топлина- Квалитетот на воздухот е најлош кога температурата е највисока. Планирајте ги своите физички активности на отворено рано наутро или касно навечер.

Избегнувајте прометни улици- Избегнете одење или возење велосипед по прометните улици, каде нивото на загаденоста има тенденција да биде повисока.

Бидете информирани- Секојдневно проверувајте ја прогнозата која го покажува нивото на квалитетот на воздухот во градот.

Заштитете се себеси- Домашните филтри за воздух можат да ги блокира штетните честички. А кога сте во сообраќајот, користете го уредот за рециклирање (доколку имате во колата) за да не дишете од штетните материи.

Слушнете го своето тело- Ако вежбате надвор на загаден воздух и чуствувате стегање во градите, или ако вашите очи ви солзат, ве чешаат или поцрвенуваат, тогаш не се форсирајте. Така само ќе си наштетите.

Јадете чиста храна- Одберете храна полна со антиоксиданси, како овошје и зеленчук, но осигурајте се дека се исчистени од пестициди. Антиоксидансите ги заробуваат слободните радикали, кои помагаат во загадувањето и вршат својата валкана работа во вашето тело.

Секогаш е добра опција излегувањето надвор од градот, дишење чист воздух на планина, или едноставно да заминете во некое село, надвор од градскиот метеж.