Кои се најважните правила при воспитување на ќерка?

Познатата блогерка Кариса Ансел има напишано одлична статија за тоа како е најдобро да се одгледа ќерка. Статијата доби многу внимание и беше многу споделувана, па затоа ние денес ја споделуваме со вас со цел да ја споделиме нејзината мудрост и знаење.

Еве што вели таа:

„Тешко е да се воспитуваат ќерки. Генерално е тешко да се воспитуваат сите деца, но јас имам ќерки, па затоа и зборувам за воспитување ќерки. Мојата ќерка има осум години и веќе некое време ја воспитувам и подготвувам за нејзините тинејџерски години. Ова може да биде супер затоа што родители сакаме да ги заштитиме нашите деца, но реалноста е дека можеме да ги зашититме само до одреден степен. Затоа направив збирка од 12 работи кои мислам дека сите мајки треба да ги знаат при одгледување на ќерка.“

Вашата шминка сега е нејзина шминка

Мојата ќерка обожава да се трансформира. Со време ќе и се даваат лекции за тоа како да става помалку, но сега засега шминката е за забава.

Зборувањето за менструација е неудобно и непријатно, но е многу важно

И сакам мојата ќерка да биде подготвена за кога ќе се случи. Моја работа е да бидам отворена за моето тело и за тоа што ќе се случи со нејзиното тело. Неа треба да и биде удобно за да зборува со некого за тоа и тоа треба да бидам јас.

Светот ќе се обиде да ги натера да пораснат пребрзо

И ваша работа е да се обидете да ги задржите да бидат девојчиња што е можно подолго. (Тоа е причината поради иако таа се буни, не и дозволувам да стави шминка кога излегуваме, може да носи само облека соодветна на годините, нема телефон... Моја работа е да ги поставам границите.

Поттикнувајте и поддржувајте го нејзиниот однос со татко и

Нив сте им потребни како мајка, но на секое девојче и е потребен татко кој многу ја сака.

Научете ги на вредноста на штедењето

Ова е важно за еден ден да не мораат финансиски да зависат од никого.

Бидете внимателни како зборувате за вашето тело пред нив

Вие за нив ќе бидете пример за тоа како жените треба да ги гледаат своите тела. Затоа зборувајте позитивно за себеси пред нив. Јас максимално се трудам да не зборувам негативно за телесна тежина пред мојата ќерка. На 8 години таа веќе е свесна за своето тело и се грижи за него. И јас постојано и повторувам дека има здраво тело и дека си е таман.

Заштитувајте ги, но учете ги и како самите да се борат за себе

На светот му се потребни повеќе силни жени. Мојата ќерка знае дека секогаш ќе и го чувам грбот, но таа мора прво самата се потруди да го реши проблемот пред јас да се вмешам.

Давајте и комплименти на вашата ќерка и за работи кои не вклучуваат убавина или изглед

Таа треба да знае дека нејзината вредност не лежи во нејзината убавина. Затоа кажете и дека е паметна, духовита и добра личност. Работи кои нема да избледат со тек на време.

Поставете граници до каде можете луѓето да одат со вас

За и таа да може да ве гледа и да учи од вас. Ние сме нивните најголеми учители и тие учат многу повеќе од тоа што го правиме отколку од тоа што го зборуваме. Па така, ако вие сте силни и барате да бидете третирани добро, тогаш големи се шансите дека и таа ќе го бара истото кога ќе порасне.

Следете ги вашите сопствени соништа и страсти

Бидете жив пример дека тоа што го сакате е важно за да може и таа да верува во своите соништа и страсти. Затоа јас ги споделувам моите блогерски цели и постигнуваа за да може да види дека и јас имам цели и работи на кои напорно работам и со кои се гордеа.

 Учете ги да бидат паметни кога станува збор за мажи и момчња

Учењето да им верувате на вашите инстинкти и претчувства е многу важо, па така кога ќе дојдат кај вас имајќи ги тие чувства, верувајте им и ценете ги.

Помогнете им да сфатат дека нивното тело треба да биде ценето и да се однесуваат кон него со почит

Покажете им преку тоа што и самите ќе дозволите вашето тело да биде ценето и почитувано. Имајте отворени и искрени разговори за врски и како луѓето треба и не треба да се однесуваат со нив.