Драга ќерко, кога ќе размислуваш за брак, размисли и за ова...

Драго мое девојче,

Кога зборуваме за брак, често користиме фрази како „и така си живееја среќно до крајот на животот“. Но, животот не е секогаш исклучиво полн со среќа.

Има многу моменти кои изгледаат како да се мирно езеро искапено во прекрасното сонце. И како мајка, посакувам дека постојано ќе имаш такви денови.

Но, вистината е дека никој не го напушта овој свет, без претходно да плива и во немирни води.

Кога ќе размислуваш за бракот, се надевам дека ќе избереш некој кој твоите среќни денови ќе ги направи уште посреќни, но исто така се надевам дека тоа ќе биде некој со кого во лошите денови ќе можеш заедно да патиш.

Се надевам дека ќе најдеш некој кој ќе биде подготвен да направи сѐ за тебе, но и ти за него. Се надевам дека ќе најдеш некој кој ќе може да те стави над себе, но и ти да го ставиш него над себе. Се надевам дека ќе го пронајдеш оној кој ќе се труди да ги запознае твоите соништа, а ти за возврат ќе ги запознаеш неговите.

А ако го пронајдеш тој човек, драго мое девојче, се надевам дека ќе те сака толку искрено и силно што ќе можеш да препознаеш дека те повредил кога тоа ќе го направи. И дека ќе најдете утеха еден во друг кога времињата ќе бидат тешки.

Мила моја, би сакала животот повеќе да личи на бајките кои ги читаме пред спиење, но бидејќи тоа не функционира по тој принцип, се надевам дека ќе најдеш некој кој безусловно ќе те сака, баш како и ти него, дека ќе можете да се држите за рака и дека ќе бидете еден покрај друг во времињата кога ќе имате чувство дека сѐ околу вас се распаѓа и руши.

Со љубов,
Мама