Кои намирници што ги има на македонскиот пазар имаат најмногу, а кои најмалку пестициди?

Стручњаците од оваа област објавија список на овошје и зеленчук во кое има најмногу и најмалку пестициди. Ситуацијата се менува од одина во година, бидејќи прскањето со пестициди зависи од временските услови. 

Плодови со најмногу пестициди:

1.Јагоди
2.Спанаќ
3.Нектарини
4.Јаболки
5.Праски
6.Круши
7.Цреши
8.Грозје
9.Целер
10.Пиперка
11.Компир 

Да се јаде или не?

Иако количината на пестициди се зголемува од година во година, научниците тврдат дека бенефитите од јадењето на овие продукти ги надминуват можните штети од количеството пестициди. Кај овие плодови, најдобро е да ги изберете оние со органско потекло, а не традиционално одгледаните, со што можната штета по вашето здравје ќе ја сведете на минимум.

Најважно е миењето!

За да се ослободите од сите бактерии и хемикалии од површината на овошјето, задолжително треба добро да ги измиете. Но, често миењето под млаз вода не е доволно.

Измешајте две шолји вода со пола лажица дестилиран бел оцет. Ставете ги листовите од зеленчукот во оваа мешавина и оставете ги да одстојат 5 минути. Потоа измијте ги со чиста вода. 

Покрај оцетот, пторив пестициди и бактерии делува и мешавината од сол и лимонов сок. Наполнете еден сад со вода, во кој ќе додадете една лажица сол и сок од еден лимон. Ставете ги овошјето или зеленчукот во оваа мешавина и оставете го да одстои 10-15 минути. Потоа измијте го со млаз чиста вода.

Според истражувањето овие плодови имаат најмалку пестициди:

1.Пченка
2.Авокадо
3.Ананас
4.Зелка
5.Лук
6.Грашок
7.Папаја
8.Аспарагус
9.Манго
10.Домат
11.Диња
12.Киви
13.Грејпфрут
14.Печурки