Ќерка си ја нападнала мајка си со нож, со повреди била пренесена во болница

Вчера од Здравствен дом Македонски Брод до тамошната полициска станица во 19:40 часот било пријавено дека кај нив е пристигната жена на возраст од 76-години од село од Македонски Брод со повреди од остар предмет.

Според пријавеното, таа била повредена од нејзината ќерка. Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.