Ќе се задуши ли Македонија со старите германски дизели?

Македонија е една од земјите во регионов каде што се увезуваат стари автомобили од земјите на ЕУ главно со дизел мотор .

Според последните анализи на Царинската управа на Македонија во земјава за првите 9 месеци годинава односно до први октомври увезени се вкупно 27.821 возила од кои што 21.069 се стари патнички автомобили, 183 употребувани товарни возила И 13 автобуси и минибуси.

Анализите на ЦУ укажуваат дека најголемиот дел се дизел возила, со Еуро 4 како што дозволуваат нашите законски прописи.
Македонските возачи се љубители на дизел возилата, бидејќи тие се поекономични во потрошувачката на гориво, а во земјава се уште дизелот се точи по поевтина цена од бензинот за 7 до 8 денари по литар.

Сопствениците на плацеви каде се продаваат стари возила велат дека скоро 70 % од нивната понудата се возила со дизел мотор.
Спротивно од Македонија заради заштита на животната средина оваа година се регистрира голем пад на продажбата на дизел-возила во Европа. Бројките велат дека во првата половина од годинава, продажбата на автомобили со дизел мотори во Европа е драстично намалена, односно паднала за 16 %. За првите 6 месеци продадени се 3,12 милиони автомобили. Сериозен пад е забележан во Велика Британија каде што се продадени дури 30 отсто помалку дизел-возила во споредба со истиот период лани.

Причина за ваквите состојби е загриженоста кај купувачите околу загадувањето и пониската вредност на тие возила при евентуална препродажба.

Во Германија, матичната земја на најголемите светски производители на дизел-автомобили, како што се “фолксваген# и “БМВ”, уделот во продажбата на дизел-возила е помал за 31,1 отсто од вкупно продадените автомобила. Тој број лани изнесувал 41,3 отсто.

Многу од големите европски градови, меѓу кои и Берлин, Лондон и Париз воведоа програми за забрана на дизел-автомобилите, со цел – сузбивање на загадувањето на животната средина.

Во многу држвави во Европа, меѓу кои и Израел, ќе бидат забранети до 2030 година да се возат дури и нови дизел и бензински возила. Според израелското Министерство за енергетика до тогаш низ целата земја ќе бидат изградени повеќе од 2.000 места за полнење на електрични автомобили, додека употребата на природен гас е наменета за камиони и автобуси.

Владата на Израел планира да ги минимизира даноците за електрични автомобили, како и да обезбеди разни бенефиции за нивните сопственици. Проценките велат дека до 2025 година на улиците на Израел ќе има околу 177.000 електрични возила, а таа бројка би се зголемила до 1.5 милиони по 2030 година.

nike air max 1 sale